СПАСОВСКИ: МВР не смее да се става во служба на која било политичка партија

Сподели

 

-“Ниту еден припадник на МВР не смее да се става во служба на која било политичка партија, ниту да се користат материјално – технички ресурси”, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ги повика и политичките лидери да бидат во функција на фер и демократски избори и рече дека секој случај што ќе биде прекршување на принципите ќе биде најстрого санкциониран.

„Денеска, заедно со ОПСЕ се организирани ваквите обуки, тие обуки кои ќе ги поминат полициските службеници кои ќе бидат ангажирани на денот на изборите. Главната порака до сите нив е  дека треба да се почитува законот и да се забрани секакво учество на полициските службеници во политичка пропаганда за било која политичка партија. Тоа е потака која јавно ја упатувам до сите вработени во МВР, бидејќи тие треба да бидат во служба на граѓаните и Република Македонија, а не во служба на политичките партии. Единствено на кој му должат полициските службеници, вработените во државната администрација  тоа се граѓаните на Република Македонија. Од тој аспект сметам дека многу важно за одржување фер и демократска атмосфера е да имаме партнерски однос и со политичките партии и субјектите и од тој аспект ги повикувам сите политички субјекти да бидат на висина на сопствената задача и преку размена на програми, идеи да пристапуваат до граѓаните, а не преку не дозволени, законски спротивни  дејствија во политичката кампања“, рече Спасовски.