ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со слаб повремен дожд во западните и особено во источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 степени, а дневната температура од 16 до 24 Целзиусови степени: Скопје 22, Куманово 21, Тетово и Гостивар 22, Маврово 15, Охрид 20, Битола и Прилеп 21, Крушево 16, Кавадарци и Дојран 23, Гевгелија 24, Струмица 21, Виница 20, Штип 23, Берово 17, Свети Николе 21…

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер.

До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд. Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата. Од четврток температурите ќе се повторно пониски за неколку степени.

За време на викендот се очекува претежно стабилно и малку потопло време.