Здружението „Зелена лупа“ одржа прес конференција пред Основниот суд Скопје 1, на која информираше дека поднесува нови иницијативи до советот за утврдување на фактите против судии од Основниот суд Скопје 1, Апелацискиот суд и од Врховниот суд, пренесува 24 Вести.
„Се работи за пет судии меѓу кои првата е Рахилка Стојковска за која за прв пат поднесуваме иницијатива, другиот е Џемаил Саити ова е втора иницијатива и има веќе поднесена кривична пријава, третиот е Ристо Катаденовски ова е исто втора иницијатива и веќе имаме поднесена кривична пријава и како и за Фаир Каслани со втора иницијатива и кривична пријава и четврто Јово Вангеловски ова е исто така втора иницијатива и веќе имаме кривична пријава“, изјави Васко Тодоровски – Зелена лупа.