Саудиска Арабија: За прв пат жена портпарол

Сподели

За првпат во својата историја Саудиска Арабија денеска назначи жена на функција портпарол. Фатима Баешен ќе работи како портпарол во Амбасадата на Саудиска Арабија во Вашингтон.

– Горда сум што ќе работам во саудиската Амбасада во САД како портпарол. Благодарна сум за дадената можност, за поддршката, напиша Баешен на Твитер.

Од 2014 до 2017 година Баешен работела во Министерствата за труд и за економија. Била и консултант во Светска банка и во Исламската банка за развој.

Саудискиот крал Салман вчера нареди Министерството за внатрешни работи да почне да издава возачки дозволи како за мажи така и за жени. Таа мерка ќе стапи на сила во јуни идната година.