МНР: Нема повредени македонски државјани во инцидентите во Каталонија

Сподели

Македонското министерство за надворешни работи до попладнево нема информации за повредени граѓани во судирите во Каталонија, каде се одржува референдум за независност, кој шпанската влада го прогласи за нелегален.

Како што соопшти МНР преку својот Твитер-профил, досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од македонската амбасада во Шпанија. МНР е во редовен контакт со амбасадата, а сите македонски граѓани на кои им е потребна помош, може да се јават на телефонскиот број +34639255299.

Според неофицијални информации во Шпанија има околу 1.000 македонски државјани кој престојуваат туристички или работат. Во Шпанија живеат и повеќе илјади бугарски државјани, а со оглед дека одреден број Македонци имаат бугарски пасош, можно е некои од нив при влез во земјата да го употребиле тој пасош.