Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека американските специјални служби се обидуваат да влезат во дипломатските претставништва на Русија во Сан Франциско.
Министерството објави снимки на кои, како што се наведува, се гледаат американските специјални служби како се обидуваат да упаднат на дипломатскиот имот.
Стејт департментот на крајот на август соопшти дека САД го затвора рускиот конзулат во Сан Франциско, како и конзуларните објекти во Вашингтон и во Њујорк.
Ова следуваше откако Москва го редуцираше бројот на американски дипломати кои може да бидат на руска територија.