ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска не очекува сончево време со умерена облачност и со слаб, а во источните делови умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 степени, а дневната од 20 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 7 до 24 степени.

Времето во наредните денови ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Во петок во вечерните часови ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови ќе има локален дожд.

Во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата на воздухот.

Во недела ќе се задржи ветровито и студено, претпладне со локален дожд. Од сабота попладне ќе има услови на повисоките планини врнежите да бидат од снег.