Реформатори: Ова е најсрамниот пораз во историјата на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели

Александар Михајловски, дел од Реформаторското движење на ВМРО-ДПМНЕ, за НОВА вечерва изјави дека поразот на Груевски во вториот круг, како што беше и во првиот, е очекуван за него и за реформаторите и дека не очекувале поинаков расплет:

-Се потврди она што го очекувавме- ВМРО-ДПМНЕ изгуби заради Никола Груевски и токму заради тоа мора да си оди од лидерската позиција. Ова е најсрамниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ во историјата на оваа партија, изјави Михајловски.

Тој најавува во следните денови прес-конференција, каде ќе бидат и соопштени следните чекори на нивното движење.