Либералната партија на граѓаните им ги честита успешните избори

Сподели

Либералната партија на граѓаните им го честита успешното завршување на локалните избори.

Разбирливи се незадоволствата на оние што не ги остварија резултатите што ги очекувале, но нема елементи да се оспорува легитимитетот на изборите.

Оценките на домашните набљудувачи се дека изборите се фер и демократски со помали нерегуларности кои не влијаеле на резултатот. Очекуваме дека слична ќе биде оценката и на меѓународните набљудувачи која во текот на денот ќе биде соопштена. Последниот долг говор на збунетиот и уплашен Груевски не се однесува на овие избори. Човекот зборуваше за своето искуство, за она што правел на изборите 2008, 2009, 2011, 2013 и 2014 година.

Според тоа нема основа за непризнавање на изборните резултати од било чија страна. Изборите се готова работа и затоа Либералната партија им го честита изборот на сите нови градоначалници.