МФ: Јавна расправа за предлог-буџетот за 2018, а потоа во Собрание

Сподели

Министерството за финансии го подготви предлог-буџетот за 2018 година, а пред да го достави до Владата, првин ќе го презентира пред јавноста, на јавна расправа, која ќе се одржи вo четврток, соопшти министерот за финансии Драган Тевдовски, по одбележувањето на Светскиот ден на штедењето, организирано од Здружението на банкарство во Стопанската комора на Република Македонија.

– “Законска обврска на Владата е предлог-буџетот да го достави до Собранието до 15 ноември. Првпат досега ќе се организира јавна дебата, на која ќе ги претставиме контурите на предлог-буџетот за наредната година – изјави Тевдовски”, одговорајќи на новинарски прашања.

Тевдовски изјави дека предвидениот буџетски дефицит е 2,8 отсто од домашниот бруто-производ, што, како што рече, е за нијанса помалку од кусокот на годинашниот буџет.