МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот времето ќе биде променливо со повремени врнежи од дожд, со послаб интензитет во западните и југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Во текот на ноќта, почнувајќи од западните делови, врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират и кон исток. Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 25л/м2, особено на запад и во југоисточните делови. Ќе дува умерен, на места повремено засилен југоисточен ветер.
Во следните два дена ќе има преодно стабилизирање на времето, а од викендот следува период на променливо облачно и врнежливо време.