Денеска продолжува расправата за Предлог-законот за употреба на јазиците

Сподели

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за Предлог-законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Со законот се предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да биде и јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.

Во досегашниот тек од расправата по овој закон, и на комисиските расправи и на продолженијата на пленарните седници, опозицијата обвини дека законот е неуставен, оти со него се кршат процедурите и дека неговата примена ќе доведе до двојазичност на целата држава. Со законот, според опозицијата, се дискриминираат и помалите етнички заедници.

Парламентарното мнозинство посочува дека законот е во согласност со Уставот, не го нарушува унитарниот карактер на државата и ќе допринесе за зголемување на соживотот во државата.