Од денес стапува на сила обврската за носење зимска опрема во возилата

Сподели

Од денеска, 15. ноември, стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема  возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со  глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови.

Полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно задолжително да ја постави на зимската опрема на возилото.

 

Обврската за задолжителната зимска опрема трае до 15. март следната година.