Во поплавите во Грција загинаа најмалку 15 лица

Сподели

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите кои вчера го зафатија подрачјето во близина на главниот грчки град Атина, а премиерот на Грција Алексис Ципрас прогласи тридневна национална жалост, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за здравство на Грција потврди дека во поплавите кои следуваа по обилните дождови загинаа 15 лица, меѓу кои и пет жени.

Премиерот на Грција Ципрас синоќа свика вонредна седница на владата и прогласи тридневна национална жалост, а во обраќањето на јавноста рече дека тоа е најмалку што можел да направи во период кога земјата минува низ така голема катастрофа.

„Наредивме на располагање на да се стават сите ресурси и да се преземат сите потребни мерки во регионите за кои метеоролозите најавуваат продолжување на врнежите”, рече Ципрас.

Најавувајќи истрага за причините за поплавите, Ципрас рече дека вратата на сите јавни објекти се отворени за граѓаните кои поради поплави немаат пристап до своите домови.

Поплавите најтешко ги погодија градовите Мандра, Неа Перамос и Мегара кои се наоѓаат околу 40 километри од Атина. Во тој регион е прогласена и вонредна состојба.

Спасувачките екипи и понатаму се на терен и трагаат по лицата кои се водат за исчезнати, а се стравува дека биланост на смртно страданите би можел да расте.

Метеоролозите најавуваат дека врнежите од дожд во Грција би можеле да се задржат до утре.