Подморница на аргентинската војска со екипаж од 44 лица исчезна денеска во морето, соопшти денеска портпаролот на морнарицата, Енрике Балби, додавајќи дека во тек е интензивна потрага за да се лоцира.
Последен пат подморницата ја пријавила својата локација во Аргентинското Море, пред два дена.
– Испитуваме причини поради кои не постои комуникација – рече Балби, додавајќи дека ако постои проблем во комуникациите, подморницата морало да излезе на површина.