Собрание на РМ: Избор на нов јавен обвинител, закон за јазици, заштита на сведоци

Сподели

Претседателот на Собранието Талат Џафери за сабота, 25 ноември, ја закажа седницата на која треба да биде именуван нов јавен обвинител на Република Македонија.
Владата на 7 ноември му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван шеесет и тригодишниот Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.  Јавното обвинителство остана без прв човек откако Марко Зврлески на 17 август оваа година беше разрешен од должноста. До именувањето нов јавен обвинител, оваа функција ја извршува Лилјана Спасевска.

Во рамки на 22. седница закажана за сабота, на дневен ред се и измените и дополнувањата на законите за судски совет и за заштита на сведоци, закон за престанок на важењето на Законот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, како и измените и дополнувањата на законите за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за акцизите, сите по скратена постапка.

Собранието деновиве е со набиена агенда. По вчерашната посета и средбите со еврокомесарот Јоханес Хан, денеска се закажани неколку седници на парламентарни комисии и 21. пленарна седница.

Утре ќе почне амандманската расправа во Комисијата за европски прашања за законот за употреба на јазиците. Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Беса поднеле шеесетина амандмани по предлог текстот.

Засега, според најавеното на собраниската веб-страна, нема закажано активности во петок на 24 ноември, но оваа недела би можело да се очекува Владата да излезе со нови предлози за испразнетите места во своите редови по локалните избори по што Собранието треба повторно да се состане за нивен избор.

Во понеделник, пак, на 27 ноември треба да почне заседанието на Комисијата за финансирање и буџет на чиј дневен ред е Предлог-буџетот за 2018 година, а тој на пленарна седница би можел да се најде на 11 или 12 декември.

Собранието до крајот на годината треба да одржи седница за поставување пратенички прашања, прва од формирањето на новата Влада, со редовното годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов и за 0