Германија: Претседателот Штајнмаер ги повикува партиите да формираат влада

Сподели

Штајнмаер, кој ги повика политичките лидери да ги преиспитаат своите ставови и повторно да се обидат да формираат Влада, денес ќе се состане со челните луѓе на Зелените и на Слободната демократска партија

БЕРЛИН (АА) – Германскиот претседател Франк Волтер Штајнмаер се состана со партиските лидери по неуспешните разговори за формирање на новата влада меѓу конзервативниот блок на канцеларката Ангела Мекел, левичарските Зелени и Слободната демократска партија (ФДП), јавува Anadolu Agency (AA).

Штајнмаер, кој ги повика политичките лидери да ги преиспитаат своите ставови и повторно да се обидат да формираат Влада, денес ќе се состане со челните луѓе на Зелените и на Слободната демократска партија.

Левичарската Социјалдемократска партија (СПД), партнерот на Меркел во Владата во заминување, истакна дека нема да отстапи од одбивањето да влезе до администрацијата на канцеларката. Доколку СПД остане при тој став, решението е малцинска Влада или да се распишат нови избори.

Петер Алтмајер, вршител на должност министер за финансии и близок соработник на Меркел, ги повика партиите да не бегаат од сопствената одговорност, туку формирањето на владата да им биде примарна цел.