ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер.

Температурата ќе се движи од осум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 12 степени.

До крајот на неделава следува период на стабилно и суво време со релативно ниски утрински и повисоки дневни температури. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.