Влада на РМ: Зголемување на транспаретноста и на отчетноста

Сподели

Владата на својата официјална интернет-страница денеска  објави десетици документи и информации кои се однесуваат на работата на Генералниот секретаријат, кабинетот на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и на работата на уште неколку министри без ресор.

Од Владата дека велат дека ова е „во насока на зголемување на транспаретноста и на отчетноста“.

„На интернет-страницата на Владата првпат се достапни буџетите од минатата и од оваа година, ревизорски извештаи, планови за набавки, листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси, правилници за систематизација на работните места, правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на институциите, листа на информации од јавен карактер, органограм за внатрешната организација, како и календар на настани“,  пишуваат од Владата.

Документите се достапни во категоријата „Информации од јавен карактер“, на веб-страницата, каде стои дека Владата на 34. седница „разгледа и усвои информација што се однесува на листа на акти и материјали коишто министерствата согласно закон се обврзани да ги објават на своите веб-страници“.