Апелација: Дамовски, Јовановски и Ѓошевски остануваат во притвор

Сподели

Апелациониот суд донесе одлуука и ги потврди притворите на режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и Горан Ѓошевски некогашниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски.

Информацијта предмалку ја потврдија од скопска апелација за тв 24. Денеска беше одржана јавна седница на која нивните адвокати бараа укинување на притворот и одредување на послаба мерка или куќен притвор затоа што биле угледни луѓе и без прекршоци, а камо ли вакво кривично дело.

Владо Јовановски и режисерот Борис Дамовски прво добија куќен притвор а потоа кривичниот совет им ја преиначи мерката во ефективен притвор. Инаку. во истражниот затвор Шутка од вчера има 25 притворени за терористичко загрозување на уставниот поредок, а меѓу нив се и тројца пратеници Сашо Василевски, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов.