НДМ – Бачев: Пријавувам корупција против членовите на ДИК

Сподели

„Во вчерашното обраќање по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, премиерот Зоран Заев повика граѓаните да го пријават секој случај на корупција без страв дека ќе се соочат со последици, бидејќи, новата власт на СДСМ ја презеде обврската во Македонија да владее правото.

Земајќи предвид дека премиерот на една држава треба да се послуша, како граѓанин на оваа држава пријавувам корупција против лицата Александар Чичаковски, Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев, Силвана Бонева, Сашо Срцев, Субхи Јакупи и Ермира Асани Салија-членови на Државата изборна комисија поради расипничкото трошење на народни пари.

Зборот корумпиран потекнува од латинскиот збор „corruptus„ и кога се користи како придавка буквално значи „крајно расипан“ или „владееење на крадци“ и оттука, кражбата на народниот имот од членовите на ДИК преку антинародните бонуси ја потврдува расипаноста на ДИК.

Јас го послушав Зоран Заев и ја исполнив мојата граѓанска должност, сега на потег е премиерот Заев“ се вели во соопштението на Јанко Бачев.