Кривичниот суд одлучи – Пратениците Сашо Василевски и Љупчо Димовски остануваат во притвор

Сподели

Пратениците во Собранието, Сашо Василевски и Љупчо Димовски остануваат во притвор, односно во куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка. Василевски и Димовски се дел од пратениците осомничени за насилствата во Собранието од 27  април.

Постапувајќи по жалби изјавени против решенија на судија на претходна постапка за определување мерка притвор за С.В. и мерка куќен притвор за Љ.Д., опфатени со предлогот на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, а поврзано со настаните од 27. април во Собранието на Р.М, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по одржана седница, донесе решение со кое ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка“, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Претходно, минатата недела, Кривичниот совет им ги потврди притворите на пратениците, Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов и мерката куќен притвор на Јохан Тарчулоски и на Жаклина Пешевска.

Инаку, во истрагата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори се осомничени вкупно 36 36 лица, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“, Игор Дурловски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски и шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.