МАКЕДОНИЈА – Времето и денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе бидат позастапени во западните делови, но ќе бидат послаби. На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 метри надморска висина. Ќе дува умерен, а на југоистокот повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе се движи од 4 до 10 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе биде облачно со умерен северен ветер и со повремен слаб дожд, а кон крајот на денот понекаде и во Скопската котлина можно е да провејува слаб снег. Температурата ќе се движи до 6 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде значително облачно и студено со локален слаб снег, особено на запад. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата значително ќе опадне. Под влијание на студена воздушна маса од вторник до петок времето ќе биде стабилно и многу студено со умерен северен ветер.
Утринската температура во следните денови ќе се спушта во интервал од -10 до -3, а дневната ќе се движи околу нулата.