Специјалното јавно обвинителство за денеска во 13.00 часот најави прес-конференција во просториите на обвинителството.
Во најавата, од СЈО не соопштуваат кој е поводот и што ќе биде тема на прес-конференцијата.
Последната прес-конференција СЈО ја одржа на 29 јуни, оваа година, кога специјалната јавна обвинителка информираше за подигањето на 17 обвиненија за 18 случаи, против 94 физички и седум правни лица.