Влада на РМ: 2018 година исклучените нема да плаќаат паушал за парно

Сподели

Владата на Република Македонија денеска порача дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го плаќаат.

„Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика. Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација“, се вели во соопштението од Владата.

Завчера, Уставниот суд ја отфрли иницијативата поднесена од Здружението за заштита на човекови права „Но пасаран“ и пресуди дека граѓаните кои не користат парно и во иднина ќе мора да плаќаат паушален износ.