ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во северните делови и на планините со провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.

Температурата ќе се движи од -2 до 7 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 3 степени.

Од недела следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури. Во среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.