Никола Груевски, денеска се појави на судењето за предметот „Траекторија“, откако истото беше одложено и закажано за 31 јануари и 14 февруари, но не образложи зошто го одложил денешното рочиште.
Како што во неформален разговор кажаа адвокатите, причина за одлагање на денешното рочиште е и тоа што судијката Верка Петковска, која е дел од судечкиот совет за дел од овој предмет, со новиот распоред на претседателот на судот, Иван Џолев, е префрлена во друг оддел, односно не е повеќе во одделот за организран криминал.
Специјалните обвинителки Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска немаа приговори за одложувањето на денешното рочиште.