Повик за млади истражувачи

Сподели

Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за млади истражувачи во склоп на Проектот за образовни центри за советување и алумни стипендисти на Фондации Отворено општество (ФОО). Целта на проектот е да се искористат ресурсите и капацитетите на МОФ и знаењето и искуството на алумни стипендистите градејќи мрежа на млади истражувачи.

Во склоп на проектот ќе бидат поддржани четири истражувачки трудови, а истите ќе ги спроведат млади истражувачи кои ќе бидат менторирани од искусни истражувачи од МОФ и мрежата на алумни стипендисти на ФОО.

За учество апликантите треба да ги исполнат следните услови:

  • Да се студенти или дипломирани лица на возраст од 21 до 26 години;
  • Да покажуваат интерес во истражувања во областа на млади, образование, социјални и политички прашања;
  • Да имаат разбирање за клучни младински проблеми на локално и национално ниво;
  • Да се во можност да ја посетат дводневна обука за млади истражувачи на 27-28 јануари 2018;
  • Да се во можност да работат во тим и учествуваат во истражувањето со поддршка од ментор во периодот од јануари до мај 2018;
  • Претходно истражувачко искуство не е задолжително, но се зема во предвид.

Сите заинтересирани можат да се пријават индивидуално или како тим најдоцна до 21. јануари, 2018 година obuki@mof.org.mk. За аплицирање потребно е да се достават следните документи:

  1. CV на апликантот (или апликантите доколку се аплицира како тим)
  2. Резиме за предлог истражување (најмалку една страна) во областите млади, образование, социјални и политички прашања
  3. Предлог методологија за истражувањето.

Резимето и истражувањето за предлогот истражувањето може да бидат доставени индивидуално или од група на истражувачи. Бројот на истражувачи ќе биде ограничен, а изборот ќе го врши комисија составена од претставници на МОФ и ќе биде врз база на релевантноста на темата на истражувањето, квалитетот на резимето, конзистентноста на методологијата како и професионалното искуство на истражувачот.  Организаторот може да побара дополнителни информации за истражувањето од истражувачот.

По обуката, низ програмата истражувачите ќе се групираат во тимови и ќе имаат можност да аплицираат со предлог истражување. Најдобрите четири предлог истражувања ќе бидат реализирани и менторирани во текот јануари – мај 2018. Избраните истражувачи ќе имаат 4 месеци за изработка на трудовите, од времето на потпишување на договорот. Секое истражување треба да има биде со должина од најмалку 5000 зборови и да содржи: резиме, преглед на литература, методологија, дискусија за наодите за истражувањето, заклучок, препораки и користена литература. Резултатите од истражувањата ќе бидат презентирани на завршен настан „Станица: Студентска“. Организаторот ќе ги покрие трошоците за реализација на истражувањето, а за истражувачот/тимот кој го реализира е предвиден надомест.

Сите заинтересирани апликанти кои имаат прашања, потреба од консултација или појаснувања за повикот можат да не контактираат на obuki@mof.org.mk.