Судот има единствена шанса да застане на страна на правдата и законот и да им сврти грб на притисокот и политички конструираните обвиненија. Судот има можност водејќи се по словото на законот да стави крај на оваа конструкција со која недолжни граѓани се обвинуваат за тероризам и да застане на страната на правдата, порача ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во врска со притворените пратеници и граѓани поради насилствата во Собранието на 27 април минатата година.
„Апелациониот суд мора да се издигне над дневната политика и притисокот. Судот не смее да биде соучесник во конструиран случај. Случај во кој се кршат законите и правата на човекот. Незаконитоста ја предочи и Народниот правобранител. Прекршени се правата на граѓаните при нивното приведување, нивните права се кршат во истражниот затвор, а целата постапка е една огромна конструкција која служи само за втерување страв. Овие факти судот не смее да ги занемари“, вели најголемата опозициска партија.