Изгласан Законот за употреба на јазиците

Сподели

Со мнозинство гласови, Собранието на Република Македонија денеска го изгласа Законот за употреба на јазиците.

Пратениците со 69 гласа „за“ без воздржани и гласови „против“ го усвои предлог-законот за употреба на јазиците.

Предлог-законот за употреба на јазиците содржи 25 члена. Тој предвидува во сите органи на државната власт, како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии и правни лица што вршат јавни овластувања, службен јазик освен македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и албанскиот јазик.

Законот стапува на сила веднаш по објавувањето во Службен весник. Од тогаш па натаму сите закони други акти донесени од Собранието ќе бидат објавувани на македонски и на албански јазик. Исто важи и за одлуките кои ќе ги носи Владата.