ВМРО-ДПМНЕ доаѓа во Собрание да го слушнат обраќањето Столтенберг

Сподели

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ вo четврток ќе дојдат во Собрание за да го слушнат обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој утре и задутре доаѓа во посета на земјава.

Сепак, засега враќањето на опозицијата во собрансиките клупи ќе биде само за оваа прилика, а за понатаму, како што велат од партијата, ќе информираат навремено.

– Ние сме биле и остануваме со политиката ориентитени кон Европската Унија и НАТО. Точно е дека ќе присуствуваме на обраќањето на генералниот секретар на НАТО. За понатаму, дали се враќаме или не во Собранието, ќе ве информираме навремено – изјавил директорот на Центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски за „Фокус“.

Најголемата опозициска партија месец и половина ја бојкотира работата на Собранието поради притворањето на осомничените за минагодишните насилства од 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот претседател на партијата, Христијан Мицкоски, неодамна изјави дека нивните пратеници ќе се вратат во Собрането „кога ќе се создаде демократски амбиент за негово функционирање“.