МРТ ќе ги поништи одлуките од Конкурсот за поддршка на домашната музичка продукција за 2017 година

Сподели

Вчера во Министерството за култура на Република Македонија се одржа состанок меѓу претставници на Министерството за култура и Македонската радио-телевизија, за да се разгледаат опциите за разрешување на состојбата со примената на Законот за поддршка на домашната музичка продукција.

На состанокот заеднички беше констатирано дека актуелниот Закон е тешко применлив и дека не ја исполнува функцијата за која е донесен.

Исто така, констатирано е дека Македонската радио-телевизија, по спроведениот надзор и по насоките дадени од страна на Министерството за култура, ќе пристапи кон поништување на одлуките за избор и одлуките за неизбор по основ на Вториот и Третиот квартал од 2017 година.

Претставниците на Министерството за култура и МРТ се договорија во иднина заеднички да ги координираат активностите во насока на поддршка и развој на домашната музичка продукција.