Почнува судењето за предметот “ТНТ”

Сподели

Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето за предметот „ТНТ“ на СЈО, кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос”.

Во овој предмет обвинети се седум лица меѓу кои, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

 

Обвинителите од СЈО на јавна седница изјавија дека Груевски и Јанакиевски не се жртви на прислушкување, туку тие биле дел од власта што незаконски прислушкувала. Според обвинителите снимките имаат доказна вредност и со нив не се повредува приватноста на обвинетите.