Санте Плус: Констатираните недостатоци беа од административно-смедковотствена природ

Сподели

Реакција на приватната болница „Санте Плус“ која доби забрана за работа поради констатирани недостатоци од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Констатираните недостатоци се само од административно-сметковотствена природа, кои биле отстранети уште во текот денот.

„Во ова прилика сакаме да ја истакнеме нашата загриженост од ваквите тенденциозни објави од страна на ДСЗИ. Имено, сметаме дека објавата за затворањето на нашата болница поради некакви констатирани недостатоци, притоа да се премолчи административната-сметковотствена природа на такви недостатоци, е дадена со единствена цел да се наруши нашата репутација и да се создаде впечаток дека се констатирани некакви недостатоци од медицинска природа, што е апсолутно неточно.

Напротив, во текот на досегашните инспекции од Комисијата формирана од Министерот за здравство, а поврзани со пациентката Дебора Ќерими Џамбази, е увидено дека целата интервенција е извршена согласно постоечките медицински протоколи од страна на персонал кои се врвни стручњаци во својата дејност. Сметаме дека ваквите тенденциозни и субјективни соопштенија за јавност единствено ќе ја нарушат репутацијата на Министерството за здравство во чиј состав работи ДСЗИ.” се вели во реакцијата на „Санте Плус“.