Јужна Кореја: Во пожар во болница починале 41 лица

Сподели

Голем пожар ја зафати петкатната болница во градот Мирјан, во Јужна Кореја. Според најновите податоци загинале 41, а повредените се речиси 80.

Пожарот избувнал во сала за итни случаи на првиот кат од главната зграда на болницата.

Пожарникарите евакуирале околу 200 лица кои се наоѓале во главната зграда на болницата.

Премиерот на Јужна Кореја наредил да се употреби целата возможна опрема и персонал за гасење на пожарот, односно што побргу да се пребара болницата за да се спасат што повеќе животи.

Пожарникарите за медиумите изјавиле дека жртвите починале од вдишување на дим, а наведено е и дека неколку повредени се во критична состојба.

Причината за пожарот се уште не е позната.