ОЈО бара Дурловски од притвор да се премести во куќен притвор

Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бара од Судот да биде укинат притворот за  пратеничката Жаклина Пешевска и да биде заменета со мерки за претпазливост, а за оперскиот пејач Игор Дурловски  мерката притвор за биде заменета со куќен притвор, пренесува 24Вести.

„За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, соопштуваат од Обвинителството.