ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно време со повремен дожд ќе преовладува денеска во Македонија. Врнежите ќе почнат од запад, а послаби врнежи ќе има на исток и во централните делови. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 7 степени, а дневната од 6 до 16 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до еден степен и дневна до 13 степени.

Поинтензивни врнежите ќе бидат во сабота кога ќе има засилен, на моменти силен југозападен ветер со брзина и над 80км/ч. Локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните подрачја. На повисоките планини ќе има врнежи од снег. Повремени врнежи се можни и во недела претпладне кога на повисоките места на североисток ќе поминуваат во слаб снег. Од понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето.