Еден загинат и двајца повредени во невреме во Москва

Сподели

Едно лице загина и двајца се повредени како резултат на силните снежни врнежи во Москва, наведе московскиот градоначалник Сергеј Собјанин.

– За жал вчерашната стихија не помина без жртви. Еден човек загина од паднато дрво. Други двајца се повредени, напиша Собјанин на социјалната мрежа „ВКонтакте“.

Тој додаде дека се соборени најмалку 360 дрва, како и дека ситуацијата денеска ќе биде уште посериозна.

Речиси 60 летови на московскиот аеродром се блокирани поради невремето.