ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а веќе од попладне на југоисток ќе има повремено зголемена облачност и услови за појава на слаб локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од -3 до 4, а дневната од 7 до 14 степени.

Во Скопје слично време со зголемување на облачноста попладне. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 0, а дневната ќе достигне до 11 степени.

Веќе од среда претпладне на запад ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои попладне и вечерта ќе се преместуваат кон исток. На високите планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец кој ќе биде најизразен долж Повардарието.

Нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува за време на викендот.