Во Кривичниот суд пристигнале над 2.500 барања за амнестија

Сподели

„На 26 јануари стапи на сила Законот за амнестија, а на 29 јанари ги добивме првите барања. За нив решенијата беа изготвени во предвидениот рок од пет дена, поради што се работеше до полноќ, бидејќи беше потребно да се направи увид во околу 10.000 пресуди“, истакна претседателот Џолев, кој изрази благодарност до целиот судски персонал кој постапувал по барањата и изрази уверување дека за сите барања кои во иднина ќе пристигаат ќе биде испочитуван рокот за одлучување.

Кривичните совети сега работат на барањата пристигнати на први и втори февруари кои очекува да бидат завршени до среда, а дополнително во судот и денска се примени нови 150 барања поврзани со Законот за амнестија за кои рокот од пет дена за одговор тече од денеска.