Села бара 30 милиони денари отштета за претрпена физичка и душевна болка, страв и повреда на личниот интегритет

Сподели

Адвокатот на Зијадин Села, на денешното судење за обидот за убиство на лидерот на Алијансата за Албанците, истакна дека Села бара отштета од 30 милиони денари или половина милион евра. Тоа би била отштета поради материјалните трошоци за неговото лекување, поради претрпена физичка и душевна болка, претрпениот страв и повреда на личниот интегритет.

Откако на минатото судско рочиште отфрлија вина за тешко повредување и обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието, десеттемина обвинети утринава беа донесени од истражниот затвор во Шутка во Основниот суд Скопје 1, каде што продолжи судењето за 27 април.

Следните рочишта се закажани за 19 и 20 февруари, на кои се очекува исказ да даде Села како оштетен.