#Ретвитни оброк, спомен куќа “Мајка Тереза, 10 февруари
Да ги менуваме навиките со мали но значајни чекори 🙂
Секој може да се вклучи:
– Дојдете на заедничко готвење во Гласност (улица Петар Поп Арсов бр.6) во петок 09.02. во 17 часот.- Контактирајте не слободно во групата за подетални информации
– Спакувајте ја храната што ви останува од дома или кафана (не е срамота да се земе, срамота е да се фрли 😉 ) или едноставно згответе наменски колку што можете и тоа што имате.
Амбалажи за да спакувате храна може да земете од Freshys – Фрешис
– Дојдете во сабота во 12:30 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза и вклучете се во пакувањето и делењето на оброците
– Контактирајте нè во инбокс, коментар или на телефон за каква било информација околу организација.
Нашето малку за некого е многу, да не заборавиме, храната не е луксуз и не се фрла, туку се донира