Весковски: СЈО, ревизори и други институции го проверуваат „ЈП Водовод и канализација“

Сподели

Специјалното јавно обвинителство, ревизори и други институции го проверуваат јавното претпријатие Водовод и канализација во Скопје, открива за Телевизија 24, директорот Душко Весковски.

Адвокати и нотари остварувале солидни финасиски бенефити од водовод, а имало и апсурни вработувања. Стоматолог бил вработен во лабараторија на водовод. Претпријатието плива во долгови. Многу државни институции во минатото не плаќале сметки за вода. Весковски открива дека само Клиничкиот центар изминатиов период 10 години не плаќал за вода.

Во интервју за телевизија 24, Весковски изјави дека скопјани пијат најевтина и најквалитетна вода во Македонија.