Бујар ОСМАНИ: Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец

Сподели

“Мојата одлука е согласно интересите на државата, а интересите на државата се во рамки на Стратегијата на ЕУ, и присуството би значело оштетување на интересите на државата”.

-“Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија” , изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција, прашан за одлуката да не учествува на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука.

 

Изјави, Бујар Османи