По одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не го поддржи отворено протестот кој ќе се одржи денеска во одбрана на името и на идентитетот, поранешната пратеничка Солза Грчева им порача дека се зрели да се самоексплодираат.
,,После изјавата на ВМРО дека само го поддржувале демократското право на протести (како да некој има право да забрани протести гарантирани со Устав), зрели се да се самоексплодираат. Ова е за рубриката “верувале или не“.“- напиша Солза Грчева на својот ФБ профил.
Солза Грчева од пред неколку дена е основач на политичката партија “Глас за Македонија”, која најави дека ќе биде на денешните протести.
,,Сите симпатизери, членови и поддржувачи на “Глас за Македонија” ги повикувам заедно да кажеме дека нема веќе распродажба. Заврши! Достоинствени, како што ни доликува. Не потпаѓајте на провокации, на лажни вести и спинови. Ќе не има секакви, но едно е важно: во право сме!“-пишува Грчева.