Црн пипер против маснотиите во крвта

Сподели

Пиперин, е состојка која на црниот пипер му дава специфичен вкус, го блокира формирањето на нови масни клетки, а истражувањата потврдија дека пиперинот го намалува и нивото на масти во крвта.

Во земјоделската и прехранбената  индустрија е објавена студија која објаснува зошто црниот пипер е добар против мастите. Поточно, истражувачите сметаат дека пиперинот, е состојката која го дава карактеристичниот вкус на црниот пипер.

Пиперинот, исто така, го блокира формирањето на нови масни клетки, а истражувањата потврдија дека пиперинот го намалува нивото на масти во крвта.

Црниот пипер се користи со векови во традиционалната источна медицина во лекувањето на стомачни пореметувања, лечењето на болка и воспаленија. И покрај долгорочната примена во медицината, малку се знае за дејството на пиперинот на молекуларно ниво.

Најновите лабораториски истражувања на компјутерски модели открија дека пиперинот влијае на активноста на гените одговорни за формирањето на нови масни клетки.