„Блиц“: Синот на Ратко Младиќ кандидат за претседател на Република Српска

Сподели

Дарко Младиќ, син на поранешниот командант на војската на босанските Срби, Ратко Младиќ, е еден од можните кандидати на владејачкиот Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик за претседател на Република Српска на претстојните избори, пишува „Блиц“, повикувајќи се на извори од врвот на партијата.

Кандидатурата на Дарко Младиќ е во потесниот круг во изборот на СНСД, а некои советници на актуелниот претседател на Република Српска, Додик сметаат дека тој ќе го остави без никакви шанси за победа кандидатот на опозицискиот Сојуз за промени на Вук Говедарица, наведуваат неименувани извори за белградскиот весник.