Мицкоски: Шпекулација е дека ВМРО-ДПМНЕ има договор со власта за враќање во Собранието

Сподели

Христијан Мицкоски ја негира информацијата која вчера ја објавија некои медиуми,  дека се договориле со власта да се вратат во Собранието, под услов да се повлече одлуката за притвор на осомничените за насилството во Собранието од 27 април.

„Ние мора да ја релаксираме политичката атмосфера во Македонија, а опозицијата треба да биде дел од тоа, но најдоговорна за овозможување демократски амбиент е Владата. Ние ќе бидеме конструктивна опозиција“, изјави Мицкоски кој е дециден дека информацијата шт ја бјавија дел од медиумите е шпекулација.

Дека не е постигнат ваков политички договор потврди и собранискиот спикер, Талат Џафери. Во своето гостување на една од домашните телевизии тој изјави дека постои судска постапка и процедура за нивното ослободување од притвор во кои ќе се процени дали постојат услови за тоа.

Ако сите очекуваме во април да добиеме преорака за датум и до јуни да се заокружат преговороите за името, сметам дека ниту еден зрел политичар нема да се упушти во блокирање на институции. Сите меѓународни инстанци укажуваат дека сега моментот е историски Македонија да го добие тоа што го очекува – членство во ЕУ и НАТО и мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе најде сила да се издигне над сопствените кругови во интерес на државата – посочи Џафери во интервјуто.