Османи: Осуда за заканите кон Селмани – Никој нема да го штити Асани

Сподели

 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска ги осуди навредите кои функционер на ДУИ во интервју ги упати кон претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.

– “Наша волја е да создадеме законска рамка за да можат новинарите да ја завршат слободно својата работа, и политичка волја да осудиме и да им помогнеме на новинарите во остварувањето на нивните задачи. Ова го правиме без никакво двоумење или заштита на кој било вклучително и највисок претставник на некоја политичка партија, така да немаме дилема во тој дел, рече Османи и потенцира дека не смеат да ја преземат улогата на истражни органи за да можат да казнат некого.”