УЈП: Утре е последен ден за пријавување на годишни сметки

Сподели

Рокот за поднесување годишни сметки во хартиена и електронска форма до Централниот регистар, на самостојните вршители на дејност истекува утре.

Централниот регистар, согласно Законот за трговски друштва, соопшти дека утре истекува рокот на сујбјектите кои водат сметководство за поднесување годишни сметки и финансиски извештаи во електронска форма до Централниот регистар.

За прием на годишните сметки во хартиена форма за самостојните вршители на дејност утре Централниот регистар ќе работи од 7 до 21 часот.

Регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виниа, Берово и Делчево ќе вршат прием од осум до 16 часот, а во градовите каде Централниот регистар нема канцеларии приемот на годишните сметки ќе се врши од осум до 16 часот и тоа во кратово во просториите на Општина Кратово, во Крушево во просториите на УНИ банка и во Демир Хисар во Општината.